Со мечевите од последното трето коло во групите Е и Ф, завршува групната фаза на Европското фудбалско првенство во Франција, по што следи дводневна пауза.

Во групата Е од 21 часот водечката Италија се среќава со Република Ирска, а Белгија игра со Шведска.

Табела: Италија 6, Белгија 3, Шведска 1, Р. Ирска 1.

Во групата Ф владее целосна неизвесност, бидејќи шанси за пламан во осминафиналето имаат сите четири селекции. Кој ќе оди натаму ќе дознаеме по мечевите Унгарија – Португалија и Исланд – Австрија, кои почнуваат во 18 часот.

Табела: Унгарија 4, Исланд 2, Португалија 2, Австрија 1.

OhridNews