Репрезентацијата на Хрватска го совлада актуелниот европски првак Шпанија со 2:1 и ја обезбеди првата позиција во групата Д и полесен противник во осминафиналето. Шпанците имаа водство од 1:0 уште од 7-та минута со голот на Мората и пенал на 1:1 кој не го реализира Рамос, што „коцкестите“ знаеаја да го казнат и со головите на Калиниќ 45 и Перишиќ во 87-та минута стигнаа до голема победа. Таа е дотолку повредна бидејќи Хрватска на овој меч играше без Лука Модриќ и Манџукиќ.

Во вториот натпревар од Д групата Турција ја совлада Чешка со 2:0 и ќе ја чека разврската по групи за евентуален пласман во осминафиналето.

Табела: Хрватска 7, Шпанија 6, Турција 3, Чешка 1.

Претходно од 18 часот се одиграа натпреварите од групата Ц. Германија и Полска извојуваа минимални победи од 1:0 над С.Ирска, односно Украина.

Табела: Германија 7, Полска 7, С. Ирска 3, Украина 0.

OhridNews