Репрезентацијата на Велс го освои првото место во групата Б откако во третото коло, вечерва, ја совлада селекцијата на Русија со убедливи 3:0. Во прилог на велшаните одеше и резултатот од мечот Англија – Словачка кој заврши без голови.
Велс освои 6 бода, Англија е втора со 5, а Словачка мечевите од групата ги заврши со 4 бода и гол разлика 3:3, што и дава големи шанси да се пласира помеѓу четирите најдобро третопласирани репрезентации кои ќе играат во осминафиналето на Европското првенство во Франција.
OhridNews