Натпреварот меѓу Црна Гора и Русија не го дочека својот крајот откако домашните навивачи иницираа два големи инциденти.


Првиот се случи на стартот од мечот кога фрлената бакља го погоди во глава рускиот голман Игор Акинфеев. Тој се здоби со потрес на мозокот, изгореници на вратот и косата.


Мечот беше суспендиран, но продолжен, а по вториот инцидент во вторите 45 минути судијата дефинитивно го прекина натпреварот.

Црногорците ќе се соочат со драстични казни бидејќи и пред мечот имаше блиски средби меѓу навивачите и полицијата.

Ohridnews