Репрезентативците на Албанија на аеродромот во Тирана беа дочекани како супер херои по мечот со Србија, кој се прекина и не се доигра.
Иницијатор на прекинот беше знамето од голема Албанија кое прелета на стадионот, а по спуштањето на земја се случи хаос на теренот по што влезе и српската публика.
Делегатот на УЕФА дозволи мечот да се доигра, но, албанците не истрчаа на теренот и самостојно си прогласија победа.
Илјадници луѓе на аеродромот во Тирана ги поздравија репрезентативците, а се славеше уште и во Тетово.
Ohridnews