Селекцијата на Хрватска со минимални 1-0 ја совлада репрезентацијата на Бугарија во балканското дерби од Групата Х.

Средбата која долго време беше во фокусот беше решена со автогол, кој бугарите си го постигнаа во 40-та минута.

Хрватите со мудра игра ја зачуваа предноста и прокнижија нови три бодови на табелата.

Резултати :

Група А : Латвија – Исланд 0-3, Холандија – Казакстан 3-1, Турција – Чешка 1-2.

Група Б : Белгија – Андора 6-0, Кипар – Израел 1-2, Велс – БиХ 0-0

Група Х : Бугарија – Хрватска 0-1, Италија – Азербејџан 2-1, Малта – Норвешка 0-3.

Ohridnews