Селекцијата на Италија без услугите на Даниеле де Роси ќе и се спротистави на Германија во четвртфиналниот дуел на Европското првенство во Франција.


Причина за заменувањето на Тијаго Мота со Де Роси во осминафиналето против Шпанија во 51-та минута била повреда, а не тактичка замисла или пак кавга како што се пишуваше после мечот.

Да биде состојбата повеќе хаотична кај „азурите“ се погрижи Мота кој на мечот со Шпанија заработи жолт картон вкупно втор и нема право за настап со Светскиот првак.

И покрај отсуствата на Де Роси и Тијаго Мота, селекторот на Италија, Антониот Конте нема да ја менува формацијата туку само играчот кој ќе биде задолжен за разбивање на играта на германците.

Фудбалската класика во 1/4 финалето се игра в сабота со почеток во 21 часот, а победникот од овој дуел ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Франција и Исланд.

OhridNews