Репрезентацијата на белгија запиша многу важни три бодови во квалификациите за Европското првенство победувајќи го Израел со 1-0.


Стрелец на победничкиот погодок беше фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруане Фелаини во првиот дел.

Со триумфот белгијците се искачија на првата позиција со 11 бодови исто колку и Велс, кој е второпласирани поради послабата гол разлика.

Израел со девет бодови се наоѓа на третото место и се уште има шанси за обезбедување на местата кои носат директен пласман на континенталниот собир во Франција.

Мх.П.