Фудбалерите на Белгија и Велс го обезбедија пласманот на Европското првенство во 2016 година по одиграните квалификациски натпревари во саботата навечер, додека Турција и Босна и Херцеговина се многу близу до баражот.
Велс по дури 58 години избори настап на големо меѓународно натпреварување, а сепак го изборија со пораз. Имено, Велшаните загубија во Зеница од БиХ со 0-2, но им помогна Кипар кој го победи Израел во Ерусалим со 2-1. Во борбата за третата позиција во групата БиХ им, која со головите на Милан Ѓуриќ и Ведад Инишевиќ му го нанесе првиот пораз на Велс, и има повеќе бод од Израел и два од Кипар каде што гостува во последното коло.
Белгијците, сосема очекувано, славеа на гости кај Андора со 4-1 и коло пред крајот на квалификациите го обезбедија пласманот. Головите за Белгија ги постигнаа Ненголан, Де Брујне, Азар и Депоатр, додека Андора погоди од пенал. Во последното коло Белгија го дочекува Израел, а клучен ќе биде мечот Кипар – БиХ.
Во групата А, во којашто Исланд и Чешка веќе претходно го обезбедија пласманот на Еуро, Турција со победата над Чешка со 2-0 направи голем чекор кон третата позиција, додека Холанѓаните, третата репрезентација од последното Светско првенство, веројатно нема да дојдат ниту до баражот. Турците со головите на Инан и Чалханоглу дојдоа до големата победа во Чешка, и имаат два бода повеќе од Холанѓаните и последниот натпревар го играат дома против Исланд.
Фудбалерите на Холандија на гости го совладаа Казахстан со 2-1, но тоа најверојатно нема да им го донесе третото место. Во вторник покрај Турција и Исланд, Холандија на домашен терен ќе игра против Чешка.
Претходно во натпреварот без значење за одење на шампионатот во Франција, Исланд и Латвија одигра 2-2.
Во Групата Х, Хрватска ја совлада Бугарија со 3-0. На празниот „Максимир“ за домашните погодија Иван Перишиќ во 2, Иван Ракитиќ во 42 и Никола Калиниќ во 81 минута.
Хрватска сепак остана трета на табелата, со 17 бодови, бидејќи нејзините ривали за директен пласман на Еуро во саботата исто така победија. Италија како гостин го совлада Азербејџан со 3-1, додека Норвешка дома со 2-0 ја победи Малта.
Во последното коло Хрватска гостува кај Малта, додека Италија која има 21 бод ќе ја пречека Норвешка која има 19 бодови. Хрватите ќе одат директно на Еуро, доколку ја совладаат Малта, а Норвешка не ја победи Италија.
„Макфакс“
Ohridnews











