Селекцијата на Белгија е шеста репрезентација која обезбеди пласман во 1/4 финалето откако со 4-0 ја совлада Унгарија во осминафиналната пресметка.


„Црвените ѓаволи“ фаворитската улога ја прифатија и што е најважно ја оправдаа на мечот со унгарците кои имаа скор од една победа и две реми во групите.

Унгарскиот бункер го пукна дефанзивецот Алдервајдерлд во 10-та минута од мечот. Победата вредна пласман во четвртфиналето белгијците ја заверија во вториот дел со головите на Бачујаи, Хазард и Караско.


Во 1/4 финалето селекцијата на Белгија ќе се сретне со Полска која во 1/8 финалето ја елиминираше Швајцарија.

OhridNews