Репрезентацијата на Белорусија е последна шанса за триумф на Македонија на Европското првенство кое се одржува во Полска.


Македонија два пати се радуваше, но на реми исходите со Србија за пласман во втората фаза и со Норвешка во главната фаза.

Белорусите ќе настапат без најдобриот ракометар Сергеј Рутенка, но тоа никако не смее да ги залаже на лесен меч „црвено жолтите“.


Победа во мечот кој се игра во 16 часот ќе ја одведе Македонија на 10-та позиција во вкупниот поредок на ЕП.

OhridNews