Селекцијата на Северна Ирска на мечот со Унгарија ја испушти првата шанса за обезбедување директен пласман на Европското првенство ремизирајќи 1-1. Натпреварот го одбележа чудното исклучување на Крис Барди кој заработи два жолти картони во една акција. Барди стартуваше остро, главниот судија Сунејт Чакир почитуваше предност, а фудбалерот за врска пак имаше опасен старт по што судијата го прекина натпреварот и му додели по еден жолт картон за двата стартови. Нешто што ретко се гледа на фудбалските терени.

Ohridnews