Европската куќа на ракометот (ЕХФ) по брза постапка парично ја казна Македонија за кршење на правилото за опремата на дуелот со Франција.


Ракометна федерација на Македонија ќе мора да плати 500 евра затоа што репрезентативците на мечот со Франција немаа соодветна боја на чорапите.

Три пати поголема парична казна доби Франција која покрај различната боја на чорапите, носеше дресови без логото на ЕХФ на официјален натпревар што не е дозволиво.

Новите правила ЕХФ ги донесе непосредно пред почетокот на ЕП и ги спроведува кон секоја селекција немилосрдно.

OhridNews