Селекцијата на Хрватска ја забележа втората победа на Европското првенство совладувајќи ја репрезентацијата на Исланд со 29-22 (14-13) во втората рунда во фазата по групи на шампионатот.
Хрватите коцките во мозаикот за победа ги наместија во второто полувреме, откако исланѓаните пружија доста добар отпор во првиот дел кој заврши (14-13) во корист на домаќините.
Избраниците на Лино Червар со серија (5-1) го започнаа вториот дел и стигнаа до највисока предност (19-14). Негативата ги „скрши“ ракометарите на Исланд кои не најдоа начин да се справат со разиграните „вардарци“ Циндриќ, Карачиќ и Чупиќ.
Циндриќ реализираше шест голови, Карачиќ четири без промашување, а Чупиќ погоди еднаш, но имаше фантастична интервенција во одбрана кога голот беше празен.
Хрватска со четири бодови се издвои на врвот од табелата во А групата, додека Исланд и Шведска имаат по два поени, а Србија без бодови се наоѓа на последната позиција.
Резултати:
Група А: Србија – Шведска 25-30, Исланд – Хрватска (20:30ч)
Табела: Хрватска 2, Исланд 2, Србија 0, Шведска 0
Група Б: Австрија – Франција 26-33, Норвешка – Белорусија (20:30ч)
Табела: Франција 2, Белорусија 2, Норвешка 0, Австрија 0
OhridNews