Братот на албанскиот премиер Орфи Рама го предизвикал инцидентот на мечот Србија и Албанија, кој беше прекинат, а подоцна и одложен.
Тој според српските медиуми од ложата стадионот го управувал беспилотното летало кое со албанско знаме прелета над теренот од „ЈНА“.
Орфи поседувал американски пасош и со него влегол на стадион, на кој спрските безбедносни сили не пуштаа албански навивачи.
Репрезентативецот на Србија, Стефан Митровиќ го фати знамето и спушти, а тогаш настана општ хаос откако на теренот влетаа сите актери и навивачи од трибините.
По еден час од прекинот главниот судија Мартин Еткинсон и делегатот со консултација на двете селекции го прекинаа натпреварот.
Како ќе се регистрира и дали ќе се преигра мечот ќе се знае по состанокот на дисциплинската комисија на УЕФА, која целосно го презема случајот.
ЕП : Прекинат мечот меѓу Србија и Албанија (видео)
ЕП : Нема да се доигра балканското дерби (видео)
Ohridnews