Македонската репрезентација на разочарувачкото 11-то место ги заврши мечевите на Европското првенство во Полска, кое го одбележаa серијата изненадувања, зачинети со триумфот на Германија во финалето против Шпанија.

Зошто разочарувачко ?? „Црвено жолтите“ без победа, со две нерешени средби (Србија 27-27 и Норвешка 31-31) и четири порази го завршија четвртото учество на континенталните собири.

Третиот настап по ред на ЕП помина во голема сенка на Олимписките квалификации кои ни ги обезбеди Германија со победата над Норвешка во полуфиналето, а не самите како што беше случај четири години претходно на Европското во Србија.

Пласманот на ЕП секако е успех, но заминувањето во Краков без визија и крајна цел како што отпатува македонската експедиција е недозволиво.

Искуството на Европското првенство беше на страна на Македонија, репрезентативците веќе неколку сезони играат на високо ниво, и секако дека се зрели за големи дострели, но предводникот Ивица Обрван овој пат потфрли во целост и токму од него мора да се побара одговорност за новата пропуштена шанса на големо натпреварување.

Македонскиот селектор во никој од мечевите без разлика на противникот не отстапуваше од одбраната 6-0 и бавниот и „сигурен“ напад, нешто што не е својствено во модерниот ракомет.

Хрватскиот стручњак на селекторската позиција немаше ниту одговор ниту пак идеја во текот на натпреварите кои кога се ќе се собере Македонија и добро ги одигра.Но недоволно добро и за да се победи.

Обрван во Полска прокоцка нова „историска“ шанса на најдобрата македонска генерација во ракометот. Да, ќе има нова шанса, но мора детално да се анализира неуспехот во Полска, за истиот во иднина да не се повтори.

Европското првенство во Полска единствено по добро ќе го памети лично Филип Кузманоски кој имаше деби во националниот дрес, но во целост никој не заслужи БРАВО. Затоа браво за никого ! 

Се гледаме во април во квалификациите за Олимпијадата во Рио.

Михаил Постоловски