Шведската кошаркарска репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство чии домаќини беа Охрид и Струга победувајќи ја селекцијата на Словенија во малото финале 51-48 (11-12, 19-14, 11-14, 10-8).
Двете селекции одигра маестрален натпревар и која и да го освоеше трофејот со бронзен сјај во Охрид немаше да биде незаслужено.
Концетрацијата и среќата ги послужи швеѓанките кои со серија кошеви во финишот се одлепија и го осигураа третото место.
Натпревар во својата досегашна кариера одигра „плејот“ на „викинзите“ Линдквист која постигна 23 поени со што можеби ја обезбеди наградата најдобра кошаркарка на турнирот.
Мх.П.