Селекцијата на Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство кое се одржува во Хрватска и Унгарија.


Во малото финале швеѓанките ја совладаа репрезентација на Црна Гора со 25-23 (12-11).

„Викинзите“ констатно го имаа водството во своите раце, а во финишот на мечот црногорките успеаја да се вратат, но не и да направат пресврт.

Во финалниот меч од Европското првенство ќе се сретнат репрезентациите на Норвешка и Шпанија.

Мх.П.