Селекцијата на Хрватска забележа чудна и неверојатна победа 37-23 (15-10) над домаќинот Полска и обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство.
„Коцкастите“ беа отпишани и никој пред почетокот на последната рунда не се надеваше на нивни пласман меѓу најдобрите четири.
Хрватите со две раце го прифатија поклонот од Норвешка која час претходно ја прегази светската велесила во ракометот Франција.
Избраниците на Бабиќ одиграа во транс, без респект и пожртвувано во текот на целиот натпревар и ги поместија границите во спортот по оваа сензационална победа.
Одбраната на Хрватска заедно со голманот Стевановиќ го имаше главниот збор на мечот, а пак нападот погодуваше се и сешто за комплетирање на неверојатната победа.
Покрај Хрватска од првата група пласман во 1/2 финалето обезбеди Норвешка, а таму се уште Шпанија и Германија од втората група.
Мх.П.