Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во пресрет на полуфиналните мечеви на Европското првенство во Франција донесе одлука која ги зачуди сите актери и медиуми ширум светот.

Имено, УЕФА упати препорака до репрезентативците победите да не ги прославуваат со своите најблиски на теренот како што беше практика до сега.


– Ова е Европско првенство, а не семејна забава. – порачаа од УЕФА и додадоа – Стадионите не се баш безбедно место за прославување со семејството. Можат да влезат навивачи и да направат хаос на теренот, а тоа никој не го посакува.


Најмногу со своите најблиски прославуваа фудбалерите на Велс и Португалија кои речиси по секој меч шетаа со своите сопруги и деца по теренот.

OhridNews