Македонската ракометна репрезентација, денеска со почеток во 19 часот, против селекцијата на Словенија ќе одигра нов контролен натпревар во подготвителниот период за Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац на располагање ги има сите 20-ет ракометари кои ги одбра за претстојното ЕП. Брестовац, низ овој и натпреварот со Црна Гора ќе треба да го направи последниот филтер за 16-те ракометари кои ќе го бранат националниот дрес.

На следниов линк ТУКА ќе има пренос во живо од натпреварот помеѓу Словенија и Македонија.

Во досегашниот дел од подготовките, Македонија, забележа две победи на турнирот „Трофеј Карпати“ и победи и изгуби во пресмеките со Кувајт.

OhridNews