Репрезентацијата на Данска го совлада домаќинот Србија со 21-19 и ја освои титулата Европски првак.  Данците предводени од Хансен (9 гола) и голманот Ландин (19 одбрани) во текот на целиот меч имаа предност која знаеа како да ја зачуваат во крајот. 

Селекторот на домаќините Вуковиќ, не успеа да најде против игра за Хансен кој беше констатна опасност за голот на Станиќ.  Играта на нерви повеќе ја издржаа “гостите“ кои оддлеа на притисокот на публиката во “Арена“ која го очекуваше првото европско злато. 



Продановиќ со четири постигнати гола беше најпрецизен во составот на “орлите“. 

Победата за Данска значеше директен пласман на Олимписките игри, додека Србија патува во квалификациите.



М.П.