Цепелинот на Македонија во режија на Дејан Манасков и Кирил Лазаров го одбележа првиот ден на Европското првенство во Полска. Сличен таков погодок постигна и селекцијата на Данска во дерби мечот со Русија. Протагонисти беа данските крила Свен Хансен Ласе и Андреас Егерт кои заслужено го понесоа епитот погодок на вечерта.
За некоја нова бравурозна акција Манасков и Лазаров ќе имаат в недела во 20:30часот против селекцијата домаќин Полска.
OhridNews