Македонскиот селектор Ивица Обрван во пресрет на контролните натпревари со Словенија го скрати списокот на 21 ракометари откако отпаднаа Златко Даскаловски и Мартин Велковски.
Двата натпревари со „змајчеките“ ќе бидат први за македонската селекција која се подготвува за престојното Европско првенство во Полска.
Првиот меч „црвено жолтите“ го играат во понеделник во 18 часот додека вториот ден подоцна во 18:30 часот.
После овие дуели Македонија ќе одигра уште два со Црна Гора и ќе отпатува во Краков каде ќе ги игра мечевите од Европското првенство.
Ohridnews