Освојувачот на бронзениот медал на Мундијалот во Бразил, Холандија доживеа комплетен дебакл во квалификациите за Европското првенство во Франција следната година завршувајќи на четвртата позиција во групата.
Лошите квалификации „лалињата“ ги заокружија со пораз од Чешка 3-2 вкупно трет во серија пред своите гледачи.
Чесите имаа предност од 3-0 со погодоците на Кадеберак, Сурал и автоголот на Ван Перси. Холанѓаните се вратија во игра со головите на Хунтелар и Ван Перси, но не успеаја да се спасат од пораз.
По завршувањето на десеттата рунда се комплетираа квалификациски натпревари и познати се репрезентациите кои директно обезбедија пласман на ЕП. Од групите како првопласирани пласман обезедија Чешка, Белгија, Шпанија, Германија, Англија, Северна Ирска, Австрија, Италија и Португалија, како второпласирани Албанија, Хрватска, Русија, Романија, Швајцарија, Полска, Словачка, Велс и Исланд, а како најдобро третопласирани селекцијата на ЕП се пласираше Турција.
Четирите празни места ќе ги пополнат селекциите (БиХ, Украина, Ирска, Словенија, Унгарија, Шведска, Норвешка и Данска) кои преку баражот ќе обезбедат пласман на завршницата од континенталниот собир.
Резултати :
Група А : Лавтија – Казакстан 0-1, Холандија – Чешка 2-3, Турција – Исланд 1-0.
Табела : Чешка 22, Исланд 20, Турција 18, Холандија 13, Казакстан 5, Латвија 5.
Група Б : Белгија – Израел 3-1, Кипар – Босна и Херцеговина 2-3, Велс – Андора 2-0.
Табела : Белгија 23, Велс 21, БиХ 17, Израел 13, Кипар 12, Андора 0.
Група Х : Бугарија – Азербејџан 2-0, Италија – Норвешка 2-1, Малта – Хрватска 0-1.
Табела : Италија 24, Хрватска 20, Норвешка 19, Бугарија 11, Азербејџан 6, Малта 2.
Мх.П.










