Со натпреварите од последната Ф група ќе се комплетира првата рунда од групната фаза на Европското првенство во Франција.
Конечно, на континенталниот собир во Франција на терените ќе се појави и Кристијано Роналдо кој со Португалија ќе ги одмери силите против Исланд.
Програмата на петтиот ден од ЕП ќе ја отворат селекциите на Австрија и Унгарија во 18 часот.
Двојки:
Група Е: Австрија – Унгарија (18ч), Португалија – Исланд (21ч).
OhridNews