Во втората група од главната фаза со мечот меѓу Шпанија и Данска ќе се комплетира првата, а со дуелот Германија и Русија ќе започне втората рунда.
Шпанија и Данска имаат по четири бодови од првата фаза, а која и селекција да забележи победа широко ќе си ги отвори полуфиналните врати.
Победникот од дуелот меѓу Германија – Русија ќе ги задржи шансите за полуфиналето додека поразениот ќе се бори за место погоре.
Двојки :
Група 2 : Германија – Русија (18:15ч), Шпанија – Данска (20:30ч).
Табела : Данска 4 (-1), Германија 4, Шпанија 4 (-1), Русија 3, Шведска 1, Унгарија 0.
OhridNews