Со натпреварите од А и Б групите ќе се отвори 16-то Европско првенство во ракомет кое ќе се одржи во Полска од 15 до 31 јануари.


Во групата А се наоѓа Македонија која премиерата на ЕП ќе ја има против Франција, а официјално отворање ќе има пред мечот на домаќинот Полска и селекцијата на Србија.

Првиот натпревар на ЕП ќе го одиграат репрезентациите на Хрватска и Белорусија, а ќе го заокружат Исланд и Шведска.

Двојки :

Група А : Македонија – Франција (18ч), Полска – Србија (20:30ч).

Група Б : Хрватска – Белорусија (16ч), Исланд – Шведска (18:15ч).

OhridNews