Втората етапа позната како Главна фаза на Европското ракометно првенство денеска ќе добие финална разврска. На програмата се мечевите од четвртата и последна рунда во двете групи.

Репрезентациите на Шпанија и Хрватска од првата група односно селекцијата на Норвешка од втората група ги имаат чекирано билетите за полуфиналето, но останува прашање на која позиција ќе завршат на табелата. За последниот билет ќе се борат селекциите на Словенија и Унгарија.

Двојки:

Група 1:

16ч Хрватска – Шпанија

18:15ч Белорусија – Австрија

20:30ч Чешка – Германија

Табела: Шпанија 8, Хрватска 8, Германија 4, Австрија 2, Белорусија 2, Чешка 0

Група 2:

16ч Португалија – Унгарија

18:15ч Норвешка – Словенија

20:30ч Исланд – Шведска

Табела: Норвешка 8, Словенија 6, Унгарија 4, Исланд 2, Португалија 2, Шведска 2

OhridNews