Европскиот првак од 2012 година, Данска ги освои првите бодови на континенталниот собир во Полска победувајќи ја Русија со 31-25 (13-13) во дербито од Д групата.


Играчите на македонскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, Сергеј Горбок и дружината немаа одговор за расположениот голман Никлас Лендин кој собра дури 19 успешни интервенции.

Русите иако загубија оставија силен впечаток. Се до 50-та минута добро им се спротиставија на данците кои ротираа во составот и го комплетно го одморија Микел Хансен.


Во финишот играта на руската селекција се распадна, а „црвените“ го искористија тоа и забележа навидум лесна победа (31-25).

Резултати :

Група Ц : Шпанија – Германија 32-29, Шведска – Словенија 23-21.

Група Д : Унгарија – Црна Гора 32-27, Данска – Русија 31-25.

Мх.П.