Ракометарите на Металург, Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски отстранети се од селекцијата од помошникот селектор Данило Брестовац поради кршење на правилникот.


Двоецот од Металург прво закаснал на доручекот, потоа и на тренингот што веднаш било санкционирано од Брестовац кој во отсуство на селекторот Ивица Обрван ја има дирегентската палка во селекцијата.

– Пробав да се извинам за грешката, но не ми беше прифатена. Многу се каам што закаснав на заедничкиот доручек и тренингот, но грешки ни се случуваат на сите. – рече голманот на Металург, Дупјачанец.

Последниот збор околу отстранетиот двоец ќе го има селекторот, кој ќе и се приклучи на репрезентацијата по завршувањето на клупските обврски со Шамбери.

И тој и младиот бек прв пат се наоѓаат на поширокиот список ракометари кои конкурираат за место во селекцијата за престојното Европско првенство во Полска.

Мх.П.