Селекцијата на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Полска откако загуби од домаќинот со 23-24 (13-11) во крајно неизвесен и драматичен натпревар.
„Црвено жолтите“ можат и треба да жалат за испуштената шанса да се нокаутира домаќинот по фантастичното прво полувреме кое ни припадна со (13-11).
Полјаците во вториот дел се созедоа, голманот Шмал се разбрани, а за поразот главни виновници се самите ракометари.
Откако го загуби водството, Македонија имаше неколку можности да го врати водството, но не успеваше да реализира со играч повеќе во поле.
Пред крајот на мечот Полска се одлепи на 24-20, но „црвено жолтите“ со серија од 3-0 серија пак се вратија во игра за поволен резултат.
Во последниот напад македонските ракометари имаа напад за реми, но не упатија удар кон голот на Шмал што значеше тесен пораз (24-23).
Во решавачката трета рунда Македонија во директен дуел со Србија ќе одлучува кој ќе биде третиот патник од А групата во втората фаза.
Мх.П.