Европската куќа на ракометот (ЕХФ) месец дена пред почетокот на Европското првенство во Полска почна да ги најавува селекциите учесници.


Една од нив е и репрезентацијата на Македонија која по четврти пат ќе биде дел од европскиот ракометен крем. ЕХФ подготви емотивно видео во кое главниот збор го имаат „македонска фаланга“ и македонските ракометари кои се претплатени за инфракт завршници.

 
„Црвено жолтите“ континенталниот собир го започнуваат на 15 јануар следната година, а во групата ќе се сретнат со домаќинот Полска, светскиот шампион Франција и селекцијата на Србија.

Ohridnews