Избраниците на Славко Голужа победничкиот чекор го направија во последниот квартет, благодарение на Чупиќ постигнигнувајќи девет погодоци и голманот Алиловиќ кој собра 11 одбрани. Во поразениот состав најефикасен беше Гајиќ со осум погодоци.
Во драматичен натпревар Исланд ги прокнижи првите бодови, откако триумфираше над Норвешка со 34-32.
Најпрецизен во составот на Исланд со девет погодоци е Гунарсон, а кај норвежаните залудни беа десетте голови на Мамелунд.
Резултати : Хрватска – Словенија 31-29, Исланд – Норвешка 34-32
Табела : Хрватска 4, Исланд 2, Норвешка 2, Словенија
Во последната рунда играат : Хрватска – Норвешка, Исланд – Словенија