Селекцијата на Хрватска која е домаќин на Европското првенство во ракомет нема да биде дел од завршната церомонија, откако не успеа да извлече поволен резултат со Франција во одлучувачкиот натпревар.
Ракометните експерти како што ги нарекуваат французите одиграа без попуст и ја совладаа Хрватска со 30-27 за заверување на првата позиција во групата. Од победата на „триколорите“ добија и швеѓаните кои иако изгубија од Норвешка поради подобрата гол разлика во мини табелата се пласираа на втората позиција која води во полуфиналето.
Од нашата група пласман во полуфиналето покрај Данска обезбеди Шпанија која со 31-27 ја совлада Германија во решавачкиот меч од втората група.
Полуфиналните мечеви ќе се одиграат на 26 јануари во петок, а ќе се сретнат Франција – Шпанија (18ч) односно Данска – Шведска (20:30ч). Хрватска со Чешка ќе ги одмери силите за петтата позиција на првенството.
Резултати:
Група 1: Србија – Белорусија 27-32, Шведска – Норвешка 25-28, Хрватска – Франција 27-30.
Табела: Франција 10, Шведска 6, Хрватска 6, Норвешка 6, Белорусија 2, Србија 0
Група 2: Словенија – Чешка 26-26, Данска – Македонија 20-31, Шпанија – Германија 31-27.
Табела: Данска 8, Шпанија 6, , Чешка 5, Германија 4, Словенија 4, Македонија 3
OhridNews