Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 со Португалија во 2 коло од групата Б на Европското првенство што се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Играч на мечот беше капитенот на Македонија Филип Кузмановски кој постигна 15 гола и имаше 5 асистенции. Томовски оствари 8 одбрани, две во последните мигови од мечот кој можеби и можевме да го добиеме, но и да го загубиме ако се има предвид дека португалците во еден момент од второто полувреме имаа +5.

Избраниците на Кирил Лазаров одиграа мотивирано и храбро и не паднаа психолошки дури и во моменти кога се изгледаше безнадежно. Македонија во првото полувреме загуби тројца играчи, Велковски поради црвен картон и двете леви крила Џонов и Петар Атанасијевиќ поради повреди. Но, нашите ракометари едноставно одбија да се предадат и предводени од капитен Кузмановски кој едноставно беше незапирлив, стигнаа до реми 29:29.

Партугалија сега има 3 бода, Македонија 1 и постојат шанси и комплицирани математики за пласман на „црвено жолтите“ во следната фаза. Македонија има негативна гол разлика -12, а Португалија е на +6. Во последното коло Португалија игра со Данска, а Македонија со Романија.

Треба да се смириме и да се сконцентрираме на мечот со Романија која, пак, уште пред првенството посочи дека нејзин таргет не е ниту Данска, ниту Португалија, туку Македонија. Треба да се одмориме, да се освежиме, затоа утре нема да тренираме со цел што поодморени да влеземе во мечот со Романија на кој ќе одиме гол по гол и се надевам дека ќе ја оствариме нашата цел, да се обидеме да победиме. Ќе дадеме се од себе тоа и да се оствари, изјави по мечот за националниот сервис селекторот Кире Лазаров.

Македонија следниот натпревар со Романија ќе го одигра на 20 јануари, вторник, во 18 часот.

Г.М.
Фото: РК Алкалоид I Фејсбук