Домаќинот на 11-то Европско првенство Србија е на чекор да исполнувањето на сонот пред почетокот на ЕП, пласман во големото финале. Последна пречка во 1/2 финалето за “орлите“ е селекцијата на Хрватска, “финалето пред финалето“ се игра во 20.15 часот,  во “Арената“ која се очекува да “пука“ пред најинтересниот дуел на ЕП.


Од сите репрезентации кои се квалификуваа во полуфиналето, ние сме најнеискусни, но неможе ништо да не спречи да го оствариме сонот. Домашната публика не охрабрува и  ни дава мотив повеќе, од момците барам да го дадат максимумот на мечот, и мислам дека нема да ме разочараат – истакна селекторот на Србија, Веселин Вуковиќ.


Најдобрите поединци на “орлите“ Илиќ ,Манојловиќ, голманот Станиќ одмараа на дуелот со Македонија, додека полесно се повредени Никчевиќ и Бјелански.

Ова е моментот, во кој ги забораваш сите проблеми, повреди. Сите сме насочени на дуелот со Хрватска, не влегуваме со тензија пред мечот, кој и да било противник во 1/2 финалето мора да одиграме маестрално, за да се избориме за толку посакуваното финале пред нашата публика – потенцираше Илиќ. 


И “коцкастите“ имаат свои адути, искуството пред се. Како селекција имаат одиграно доста вакви “да се биде или не“ натпревари,   во составот ги имаат Ивано Балиќ, Дувњак, Лацковиќ кои не треба да подклекнат пред притисокот. 


Среќни сме што сме овде, Европското го одгиравме доста добро. Дојдовме да ја оствариме целта да се закитиме со златниот медал. Мислам дека нас ќе ни биде полесно, бидејќи ќе играме против сите, треба само добро да се подготвиме и да ја искористиме секоја прилика – рече Ивано Балиќ.

Првиот патник во финалето ќе го даде победникот од мечот помеѓу Данска – Шпанија кој започнува во 17.45 минути.

Мх.П.