Ракометната репрезентација на Македонија, финалните подготовки за Европското првенство во Австрија, Норвешка и Данска ќе ги има во Словенија. „Црвено жолтите“, денеска, во полн состав предводени од селекторот Данило Брестовац заминаа за Словенија каде ќе одиграат два натпревари и ќе тренираат со највисок интензитет.

Во текот на седумдневните подготовки, Македонија, ќе одигра контролни средби со Словенија и Црна Гора низ кои селекторот треба да добие кристилна слика за изгледот на нашата репрезенација на ЕП.

Македонија, мечевите на ЕП ќе ги игра во австриската престолнина Виена. Ракометарите таму ќе пристигнат на 9 јануари, а првиот меч го играат на 10 против селекцијата на Украина. Покрај репрезентација на Украина ривали на македонските ракометари се селекциите на Чешка и домаќинот Австрија.

OhridNews