Европскиот ракометен првак Франција ја прегази селекцијата на Чешка победувајќи ја со убедливи 41-25 во вториот натпревар од групата 6 во квалификациите ЕП.


„Триколорите“ на теренот против Чешка целосно доминираа и покажаа зошто се најдобра селекцијата на стариот континент.

Победа освен Франција во првата рунда забележа и Македонија, која пред своите гледачи ја совлада Швајцарија.

Во втората рунда Швајцарија ќе ја пречека Франција, а „ранетиот лав“ Чешка ќе се сретне со Македонија.

Мх.П.