Селекцијата на Македонија има израмнет исход (12-12) против бранителот на трофејот Франција по првите триесет минути од премиерниот натпревар на Европското првенство што се игра во Полска.


Избраниците на селекторот Ивица Обрван повеќе од одлично им се спротиставија на „триколорите“ кои се фаворит број еден за титулата на 16-то издание на ЕП.

Македонија на моменти имаше предност, а пред крајот губеше и со два разлика (11-9), но на крајот успеа да стигне до егал на семафарот.

OhridNews