Селекцијата на Франција ја забележа втората победа во А групата откако со 36-26 (19-16) беше подобра од српската репрезентација.
Французите до новите два бодови вкупно четири во групата стигнаа со идентична победа како против Македонија на премиерата на ЕП.
„Триколорите“ долго време ја бараа играта, а пред се Тиери Омејер. Неговото будење на голот значеше можност за ракометарите со лесни голови да се одлепат на плус три на полувремето (19-16).
Во вториот дел избраниците на Клод Онеста рутински ја одработија својата задача и го обезбедија пласманот во втората фаза.
Во третата рунда од А групата ќе се одигра дербито меѓу Франција и домаќинот Полска, а Србија ќе се сретне со Македонија.
OhridNews