Селекцијата на Франција е последниот четврти патник во 1/2 финалето од Европското првенство откако во четвртфиналниот дуел ја совладаа репрезентацијата на Исланд со 5-2.
Репрезентацијата домаќин на ЕП во 1/2 финалето ќе се сретне со Германија која во 1/4 финалето славеше против Италија на пенали.
Исланѓаните го живеаја својот сон на ЕП по елиминацијата на Англија и поминатата група. Но, „триколорите“ на Сент Денис пред 80 000 гледачи го одиграа најдобриот меч на ЕП и го декласираа Исланд.
Четири од петте голови домаќините постигнаа во првиот дел кога и го решија победникот. Резултатот на семафарот им дозволи на „триколорите“ опуштеност, а тоа го искористија „рибарите“ да го ублажат поразот.
Полуфиналните мечеви на ЕП на програмата се среда и четврток.
OhridNews