Селекција на Франција во ракомет како никоја друга репрезентација во екипните спортови не доминира во својот домен освојувајќи ги последните светли одличја на Европско и Светско првенство и Олимпијада.
„Триколорите“ на Европското првенство во Полска одново се најголеми фаворити за тронот, а шанса за средба со „гладијаторите“ ќе имаат и македонските репрезентативци кои се наоѓаат во иста група со бранителот на трофејот.
Подготовките на французите за ЕП во Полска течат според предвиденото, а тие низ едно кратко видео покажаа дел од тренинзите по кои сами ќе одлучите дали случајно Франција доминира во модерниот ракометен свет.
Мх.П.