Францускиот селектор Клод Онеста со сите сили ќе го брани европското злато во Полска освоено пред две години во Данска.
Очекувано, „триколорите“ ги предови најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ, неуморливиот голман Тјери Омејер и искусните Даниел Нацрис и Сорендо.
Премиерата актуелниот Европски, Светски и Олимписки првак во Полска ќе го има против селекцијата на Македонија во петок со почеток во 18:30 часот.
Составот :
Голмани : Тјери Омејер (ПСЖ), Винсен Жерар (Монпеље)
Крила : Самуел Онрубиа (ПСЖ), Михаел Гигу (Монпеље), Лук Абало (ПСЖ), Беноа Кунку (ПСЖ)
Бекови : Даниел Нарсис (ПСЖ), Тео Деро (Нант), Оливие Ниокас (Балинген), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Квентин Мае (Флензбург), Валентин Порт (Тулуз), Недим Ремили (Кретеј), Адриен Дипанда (Сент Рафаел)
Пивотмени : Сердик Сорендо (Барселона), Лука Карабатиќ (ПСЖ), Лудовик Фабрегас (Монпеље).
OhridNews