Репрезентаците на Италија и Шпанија ќе се судрат во највозбудливиот меч од осминафиналето од ЕП во Франција. Многу често патот до славата на фудбалските великани се вкрстувал на големите натпреварувања, а овој пат судбината сакаше да се сретнат во првата елиминациска фаза.

Италијаните со горчина се сеќаваат на последните две пресметки на европските првенства. Во 2008 Шпанија ја елиминираше на пенали Италија во четвртфиналето, подоцна го освои шампионатот, додека во 2012 во финалето во Киев, “фуријата“ ја оддува Италија со 4-0 во финалето.

Италија има посупешен биланс на светските првенства. Нивна незаборавна пресметка е онаа во 1994 година, кога Роберто Баџо во финишот на мечот донесе победа за “аѕурите“ со 2-1. Во финалето тогаш Италија загуби од Бразил на пенали. 

Овој меч остана запаметен и по неспортскиот потег на Тасоти над Луис Енрике. Тасоти го доигра мечот, но дополнително заработи суспензија од осум меча, што е една од најригорозните казни доделена на еден шампионат.

Но колку респект има меѓу овие две селекции и моментот кога шпанскиот капитен Касиљас во финалето во Киев, побара од судиите да го скратат мечот по убедливото водство од 4-0.

За која од овие две селекции ова ќе биде последен меч во Франција ќе биде познато во понеделник. Мечот Италија – Шпанија започнува во 18 часот.

OhridNews