Репрезентацијата на Исланд пред своите гледачи им одржаа фудбалска лекција на холандските репрезентативци победувајќи ги со 2-0.


Полуфиналистот од последниот Мундијал изгледаше немоќен како никогаш до сега, а „рибарите“ уште еднаш го потврдија фактот дека нема повеќе фаворити во фудбалските натпревари.



Поразот ги продлабочи проблемите кај „портокаловите“ кои веќе имаат два порази во три натпревари што беше незамисливо пред овие квалификации.

Резултати :

Група А : Казакстан – Чешка 2-4, Исланд – Холандија 2-0, Латвија – Турција 1-1.

Табела : Исланд 9, Чешка 9, Холандија 3, Латвија 2, Казакстан 1, Турција 1.

Група Б : Андора – Израел 1-4, Бих – Белгија 1-1, Велс – Кипар 2-1.

Табела : Велс 7, Израел 6, Белгија 4, Кипар 3, БиХ 2, Андора 0.

Група Х : Хрватска – Азербејџан 6-0, Малта – Италија 0-1, Норвешка – Бугарија 2-1.

Табела : Хрватска 9, Италија 9, Норвешка 6, Бугарија 3, Малта 0, Азербејџан 0.

Мх.П.