Финалниот меч против Австрија беше последен за капитенот на македоската кошаркарска репрезентација, Моника Гаврилоска која најави повлекување од дресот со националниот грб. Победа во финалето и опростување со злато ќе беше крај од соништата за неа.


Освојувањето на бронзениот медал не е мала работа, но сепак останува горчината по поразот во финалето – вели Гаврилоска.

Причината за поразот ја гледа во слабиот старт, а смета дека женската кошарка има иднина во Македонија.

Влеговме малце анемично во мечот, на сите нас емотивно делуваше тоа што ова беше последниот меч за мене. Успеавме да се вратиме во мечот по големата негатива, но не и да победиме, им честитам на Австрија која заслужено триумфираше. Добро е за нас што луѓето во Македонија ќе слушнат дека се игра и женска кошарка. Се надеваме дека во наредните две години овие девојки ќе имаат уште многу вакви убави моменти и ќе се радуваат на победи во финалето – рече Гаврилоска која најави запливување во тренерските води.


Гаврилоска на петте меча кои ги одигра на шампионатот постигнуваше просечно 14.2 поени имаше 9.8 скока и 2.8 успешни додавања.

М.П.