Селекциите на Шпанија и Хрватска забележаа нови победи во главната фаза совладувајќи ги репрезентациите на Белорусија односно Чешка, додека Германија во соседското дерби славеше против Австрија.

„Црвената фурија“ во секој сегмент ја оправда фаворитската улога во средбата со Белорусија победувајќи со 37-28. Наспроти Шпанија, Хрватска во финишот обезбеди минимална победа 22-21 во дуелот со Чешка. Двете селекции во меѓусебна пресметка ќе одлчуваат за првата позиција во групата.

Репрезентацијата на Германија го осигура третото место на табелата во групата во Виена откако славеше со убедливи 34-22 над Австрија. „Панцирите“ ќе разигруваат за петтата позиција на ЕП која можеби ќе го спаси неуспехот да се пласираат во финалната завршница.

Резултати:

Хрватска – Чешка 22-21

Белорусија – Шпанија 28-37

Австрија – Германија 22-34

Табела: Шпанија 8, Хрватска 8, Германија 4, Австрија 2, Белорусија 2, Чешка 0

OhridNews