Светскиот шампион Германија е најголем фаворит на охриѓани за освојување на трофејот од Европското првенство кое наредните триесет дена ќе се одржи во Франција.
36% од гласовите во анкетата на најчитаниот интернет портал во регионот, Ohrid News и припаднаа на Германија.
Втора селекција во која охриѓани веруваат е Шпанија со 16% од гласовите, а трета е Франција со 14% од гласовите.
Со 10% англиската репрезентација се наоѓа на четвртата позиција додека петта со два проценти помалку е Италија.
За прв пат на континенталниот собир во Франција ќе настапат 24 селекции, а не како што беше годините наназад 16.
OhridNews