Среќата и го сврте грбот на македонската репрезентација, која на несфатлив начин загуби добиен натпревар. Трагичар на мечот е младиот Манасков кој промаши контранапад при нерешен резултат во финишот, по што Германците го реализираа последниот напад, а Лазаров не погоди за израмнување, за конечни 23:24.
Со оваа победа Германија останува во игра за пласман во следната рунда, а Македонија доколку сака да игра во Белград, мора да ја победи разиграната Чешка во последниот натпревар од групата Б.
Мечот во салата „Чаир“ во Ниш се одигра во прекрасен амбиент што го создадоа над 4000 македонски навивачи.